„Лалињата“ ќе имаат значајна поддршка од трибините

0

Холандија доби дозвола да има најмалку 25.000 гледачи на мечот против Македонија на стадионот „Јохан Крој“  на Европското првенство во текот на летото.

Холанѓаните објавија дека на стадионот во Амстердам ќе има четвртина полн капацитет, но, со надеж дека бројката може и да се зголеми ако епидемиолошката ситуација се стабилизира.

Секој навивач што ќе сака да го гледа мечот на трибините ќе може да влезе само со негативен корона-тест,а допрва ќе бидат објавени сите безбедносни протоколи.

Share.

Leave A Reply