Резултатите на Челзи мора веднаш да се подобрат доколку Френк Лампард сака да ја задржи работата како менаџер на лондончани.
Според медиумите на Островот, следните три натпревари на „сините“ ќе бидат решавачки за иднината на младиот тренер. Доколку резултатите и перформансите во нив не бидат задоволителни, тој може да добие отказ пред дербито со Тотенхем, кое треба да се одигра на 4 февруари.
Трите меча за кои станува збор се против Лутон во четвртото коло од ФА купот, Вулверхемптон и Барнли. Челзи е домаќин на сите три натпревари, па сопственикот на клубот Роман Абрамович сака да забележи победи и убедлива игра во нив.
Рускиот милијардер е во Челзи веќе 18 години е за ова време тимот имаше 12 менаџери. Вчера се појави информација дека претенденти за наследници на Лампард се Томас Тухел и Јулијан Нагелсман. Сепак и Масимилијано Алегри останува на списокот на потенцијални наследници на Лампард.