Лара Гут најбрза на „супер-џи“ трката во Сент Антон

0

Швајцарката Лара Гут Бехрами победи на денешната супервелеслаломска трка која се одржуваше во австрискиот скијачки центар Сент Антон.

29-годишната швајцарска скијачка успеа да ја помине патеката за 1.17,82 што беше за 16 стотинки побрзо време од второпласираната Марта Басино од Италија. На подиумот имаше место и за уште една Швајцарка, Корин Сутер.

Со денешната победа Лара Гут Бехрами успеа да ја презеде лидерската позиција во конкуренција на супервелеслалом. Што се однесува до генералниот пласман во Светскиот куп Петра Влхова е лидер пред Мишел Гисин.

Share.

Leave A Reply