Кошаркарот на Торонто, Кајл Лари, потенцира дека тој и соиграчите не му ја даваат потребната поддршка на Ленард кој се гледа како најголема ѕвезда во тимот. „Рапторси“ ја загуби втората средба со Филаделфија а Лари постигна скромни 7 поени.
„Морам да играм подобро. Тоа е сега многу значајно. Ништо друго. Морам да бидам поефективен во нападот и да давам повеќе кошеви“ – вели Лари кој во плеј-офот има просек од 12,0 кошеви и 6,0 асистенции.
„Не барам вина на друго место освен во мене. Јас едноставно не му помагам на Ленард” – додаде плејмејкерот. Канаѓаните во тековното полу-финале на Истокот против Филаделфија губат со 2 -1.