Раководството на фудбалскиот состав, Лас Палмас, побара од колегите од Олимпијакос да им вратат 900.000 евра кои беа платени за изнајмување на напаѓачот, Емануел Еменике, објави – „Милиет“.
Поранешниот напаѓач на Спартак Москва го смени клубот во текот на зимскиот трансфер период но, не одигра ниту еден меч поради повреда.
Луѓето од шпанскиот фудбалски состав се сомневаат дека Грците биле свесни за здравствените проблеми на Еменике и дека ги криеле тие информации.