Лас Вегас пишува историја во НХЛ

0

Хокеарите на Лас Вегас Голден Најтс кои годинава ја играат својата дебитантска сезона во НХЛ лигата успеаја да се пласираат во финалето на Западната конференција, откако во шестиот натпревар со Сан Хозе славеа со 3:0 на гости.

На овој начин “златните витези” ја освоија серијата со 4-2 во победи и стана само третиот дебитант, кој успеал да елиминира два тима во плеј-офот во својата прва сезона. Претходно тоа им успеа на Торонто во 1918 година и Сент Луис во 1968 година.

Share.

Leave A Reply