Лаурентис: нема да играме на турнири

0

Претседателот на фудбалскиот состав Наполи, Аурелио де Лаурентис, изјави дека неговиот тим ќе одигра контролна средба со Ливерпул на 4-ти август во Даблин. Бизнисменот во интервју за – „Gazzetta dello Sport“ ја коментираше претстојната летна подготовка на тимот. Неаполитанците нема да учествуваат во организирани турнири за разлика од повеќето европски гиганти.

„Ние нема да учествуваме на различни турнири. Досега имаме договорено пријателски натпревар со Ливерпул кој ќе биде одигран во Даблин на 4-ти август ” – коментира Де Лаурентис.

Екипите на Интер, Милан, Јувентус и Рома, ќе учествуваат во елитниот турнир – „Чемпионс Куп” од крајот на јуни до средината на август. Таму ќе се појават најдобрите тимови од најсилните првенствата во Европа

Share.

Leave A Reply