Колумбискиот фудбалски напаѓач, Хамес Родригез, може да заигра во Серија „А“ во екипата на Наполи, тоа го најави претседателот на италијанскиот состав, Аурелио де Лаурентис.
„Нашиот тренер Карло Анчелоти сака да го има Родригез во тимот. Јас ќе се обидам да му ја исполнам желбата. Верувам дека ќе успееме да го ангажираме Родригез, тој е добар фудбалер“ – потенцираше де Лаурентис со напомена дека планира и други засилувања.
„Бидејќи Албиол најави дека ќе си замине, ние ќе се обидеме да пронајдеме соодветна замена. Што се однесува до Манолас, тој има проблеми со карактерот и ќе треба да се промени ако сака да игра за нас“ – објасни како размислува претседателот на Наполи.