„Лауреус“ го стави на гласање и емотивниот потег на Раиконен

0

Гестот на возачот на Ферари во Формула 1, Кими Раиконен, кој му пријде на малото момче кое се расплака поради неговата елиминацијата од трката за Гран При на Шпанија, е на пат да стане „Спортски момент на годината” во изборот на „Laureus“.

Малиот љубител на Финецот облечен од глава до пети во црвено и со капа на Скудерија со број 7, се налути кога неговиот идол отпадна од трката уште во првиот круг. Една камера го улови момчето како плаче а од Ферари веднаш испратија човек да го земе од публиката и да го доведе во боксот за да се запознае лично со Кими и да се смири.

Таму тој го прегрна неговиот идол и заедно со родителите и Кими ја догледа трката. Сега светската спортска агенција „Laureus“ го вклучи гестот на Раиконен во трката за најдобар емоционален момент на годината.

 

Share.

Leave A Reply