Лаури: сакав да играм за репрезентацијата

0

Ветеранот во НБА лигата, Кајл Лаури, кој настапува за шампионскиот состав на Торонто, нема да се појави во дресот на САД на Светското првенство во Кина. Искусниот кошаркар не успеа да ја санира навреме повредата на палецот на левата рака и затоа нема да настапи за „Дрим тимот“.

„Мислев дека ќе успеам да ја надминам повредата. Се надевав дека ќе му бидам на располагање на селекторот, но, тоа нема да се случи“ – вели Лаури.

Селекторот на САД, Грег Попович , до 29 август ќе треба да одбере 12 играчи кои ќе настапат на Мундијалот во Кина. Неговата селекција е во група со Турција, Чешка и Јапонија а првито меч ќе биде против Чесите на 1 септември.

Share.

Leave A Reply