Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез изјави дека е среќен во миланскиот клуб.
„Јас работам секој ден за да станам подобар. Сега сум играч на Интер и сакам да се покажам најдобро што можам. Среќен сум. Работиме напорно, сакаме да победиме и да го однесеме Интер на врвот. Не знам што ќе се случи утре, но сега со сигурност можам да кажам дека сум во Интер и среќен сум “, изјави Мартинез за „Фудбал Италија“.
Мартинез премина во Интер летото 2018 година од Расинг од Аргентина. Сумата на трансферот беше 25 милиони евра. Договорот на аргентинскиот играч со италијанскиот клуб важи до летото 2023 година.
Да потсетиме, претходно Барселона беше заинтересирана за фудбалерот, но каталонскиот клуб не беше во можност да се договори за трансфер на напаѓачот.