„Лавовите“ се надеваат дека со трофеј ќе ја завршат сезоната

0

Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев утре на Арената „Тодор Проески“ ќе го одиграат големото финале во фудбалскиот Куп на нашава земја. Тренерот на „лавовите“, Александар Таневски, на денешната средба со новинарите посочи, дека двата тима имаат шанса да го освојат пехарот.

„Двата тима имаат обезбедено по нешто. Пандев има излез во Европа, ние опстанок. Утре очекувам добар меч во кој и ние и Пандев ќе имаме шанса да освоиме трофеј“ – изјави Таневски. Фудбалерот на Македонија ЃП, Остоја Стјепановиќ, вели дека двата тима ќе бидат крајно мотивирани.

„Финалето за нас е можност да обезбедиме излез во Европа, Академија пак ќе се обиде за прв пат да го освои пехарот. Очекувам тежок меч“ – вели Стјепановиќ.

 

Share.

Leave A Reply