Лазања во еден ден доби повик за репрезентацијата и нов договор

0

Последните денови се многу среќни за напаѓачот на Удинезе, Кевин Лазања. Најнапред селекторот на Италија Роберто Манчини го повика во составот на Италија на местото на повредениот Симоне Заза, а синоќа голгетерот потпиша нов договор со тимот од „Фриули“.

„Исклучително среќен сум. Сигурно секогаш ќе се сеќавам на овој ден. Бев повикан за националниот тим што е награда за мојата добра работа во Удинезе”, изјави Лазања пред официјалниот сајт на Удинезе.

„Веста дека треба да се приклучам кон националниот тим, ме начека во Мантова и требаше веднаш да заминам за Удине, за да си ги земам копачките. Толку се радувам што сигурно нема да можам да спијам“, додаде напаѓачот.

Новиот договор на Лазаља е до 2023 година. За време на оваа сезона тој има одиграно 8 натпревари и постигнато 1 гол во Серија „А”.

Share.

Leave A Reply