Лазаров: мечот со Барса ќе биде посебен за мене

0

Кире Лазаров кој со неговиот тим Нант во текот на викендот ќе гостува кај Барселона во рамките на групната фаза во Лигата на ракометните шампиони, вели дека враќањето во Шпанија ќе биде посебен момент.

„Се разбира дека мечот ќе биде специјален за мене. Во Барселона минав четири години и од таму имам само убави спомени. Ќе ми биде задоволство што по мечот ќе се видам со нив.“ вели Лазаров.

„Пред и за време на средбата ќе морам чувствата да ги оставам зад мене. Во претходните натпревари покажавме дека можеме да се носиме со најдобрите европски екипи како Вардар и Рајн Некар Левен а тоа сакаме да го докажеме и на мечот со Барса“, вели Кире Лазаров во интервјуто  за ЕХФ.

Share.

Leave A Reply