Лазаров: навивачите беа фантастични

0

Капитенот на нашата ракометната репрезентација, Кире Лазаров и се заблагодари на публиката за големата поддршка на мечот со Словенија на стартот на континеталниот собир во Хрвaтска.

„Секоја чест за публиката, мислам дека ние и се оддолживме со победата против Словенија. Веројатно натпреварот го реши срцето и подобрата подготовка. Словенија е искусна репрезентација и навистина одигра квалитетно. Имаше расположен голман и одлична одбрана“ потенцира Лазаров.

„Сега мора да се одмориме и без потценување да влеземе на мечот против Црна Гора. Имаме голема желба да направиме успех на шампионатот. Сите го репрезентации имаат потребниот квалитет“ заврши Лазаров.

 

Share.

Leave A Reply