Лазаров: „Одигравме лошо и загубивме, но не сме го кажале последниот збор“

0

Македонија го доживеа првиот пораз на СП во Франција и тоа од Словенија во третото коло од групата Б со 29:22), а капитенот на нашата репрезентација Кире Лазаров беше незадоволен од настапот на нашата селекција на оваа средба со Словенија.

„Можеби ќе звучи малку глупаво, но пораз е пораз, дали ќе се загуби со еден или десет гола разлика. Како и да е двата бода од оваа средба одат кај Словенија. Можеби е подобро што загубивме со голема разлика. Да се освестиме сега, тоа ни останува и да се подготвиме за следните два натпревари. Многу промашувавме зицери, тоа ја направи разликата во првото полувреме, а Словенците знаеја тоа да го казнат. Во второто полувреме се обидовме да го бракаме резултатот,но неуспеавме да им парираме. Но, ништо не е загубено, одиме понатаму, малку ќе се одмориме, смириме и подготвиме за следните средби. Би рекол дека како малку да не фати македонската еуфорија. Ќе кажам најдоброто од нас уште не е покажано. Ние сме уште во игра за подобри резултати, има уште натпревари на ова СП“, изјави Кире Лазаров.

Нашиот најдобар играчи на ова Светско првенство останува лидер на листата на стрелци со 31 гол во три натпревари откако на денешниот натпревар имаше 9 реализирани удари од 18 обиди.

Share.

Leave A Reply