Лазаров: Полесно ми е да бидам и селектор и играч

0

Во интервју за „Ал Џазира“, капитенот и селектор на нашата ракометна реперезентација, Кире Лазаров, зборуваше за својот деби настап на кормилото на македонскиот тим и за очекувањата во иднина.

„Мислам дека во овој момент ми е многу полесно да бидам селектор и играч, отколку само селектор. Јас сум побезбеден кога сум на паркетот и кога можам да распоредувам играчи и да донесувам одлуки на теренот. Младите играчи треба да ги користат постарите некое време за да продолжат да играат сами. Ова е национален тим, во кој немаме многу работни денови во годината заедно и затоа ќе го искористиме секој момент максимално. Составив добар тим. Им давам задачи и досега работиме многу професионално и квалитетно. Финска и Швајцарија? Мојот тим има право да размислува само за тоа како да се победи и ништо друго не ме интересира, ниту имињата на противниците. Ќе има порази, но ги ценам играчите кои даваат 100% и кои се победници“, вели Лазаров.

Share.

Leave A Reply