Лазаров: „Словенија е добра лекција за нас“

0

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров во пресрет на денешниот дуел со Шпанците, вели дека Македонија треба да извлече поуки од пристапот и настапот на минатиот меч со Словенија и да не се дозволи истите грешки да ни се повторуваат.

„Секој натпревар е нов натпревар. Се вовлековме во словенечката стапица, но од прв до последен сме самокритични и свесни сме за одиграното. Треба да ги извлечеме поуките, треба да играш со ладна глава и да веруваме во себе. Имаме многу искусни ракометари, на младите ќе им помогнеме да го пребродат овој пораз. Продолжуваме понатаму и се стремиме да стигнеме до нашата цел“, смета капитенот.

Македонија по ремито на словенија и Тунис синоќа веќе и официјално е во осминафиналето. Ние во последните две средби ќе се обидеме да извлечеме уште една победа за подобар пласман во групата.

Share.

Leave A Reply