Македонската ракометна репрезентација успеа да дојде до првата победа на Европското првенство, можеби потешко од очекувањата, но сепак важно е со победа да се почне едно големо натпреварување.
Нашиот капитен Кире Лазаров беше творецот на победата со неговиот гол во последната секунда од мечот, а по натпреварот даде свое видување на мечот.
„Мислам дека на заслуживме да се мачиме толку, иако не игравме брилијатно. Требаше да го доведеме натпреварот во мирна завршница, имавме повеќе пати поголема предност, но на крајот моравме да се мачиме. Можеби вака победата е послатка, свесни сме дека треба да одиграме подобро, треба да бидеме поодговорни, ова е колективен спорт и има што да поправиме. Доколку победевме со 10 гола разлика или вака со 1, повторно ќе добиевме ист број на бодови за победата, можеби вака е послатко.Без разлика на противникот, секој прв натпревар е тежок, сега очекувам поквалитетно издание против Чешка од секој аспект. Им благодариме на навивачите, не очекував толку голема бројка, позитивно ме изненади нивната масовност и ни беа многу важна поддршка, се надевам утре ќе ги има уште повеќе“, истакна Лазаров.