Луѓето од „Либерти Медиа“ ги демантираа тврдењата дека имаат тенденција да продаваат дел од акциите од Формула 1. Гласините тргнаа по веста која се појави во изданието Џон Вол стрит, кое прави анализа на финансиите и спортот.
Според медиумот – „Либерти Глобал“ има тенденција да ги продава акциите од Ф1 и тоа по само три години откако влезе со голем капитал во шампионатот. Според статијата, Либерти ги проучува можностите да го намали учеството од повеќе аспекти кои вклучуваат сè – од целосна продажба до вметнување на уште партнери како косопственици.
Веста експресно е демантирана од „Либерти Медиа“ со напомена дека има видлива грешка бидејќи Формула 1 и припаѓа на „Либерти Медиа“ а не на „Либерти Глобал“ како што е наведено во текстот.