ЛЕ: Елмас домаќин на Андерлехт, Николов го напаѓа ПАОК

0

Денес ќе се одиграат натпреварите од 4. коло и во Лигата на Европа. Турнирот влегува во важна фаза, особено за тимовите кои имаат амбиции да обезбедат пласман во следната рунда.

И македонските интернационалци денеска ќе имаат свои настапи. Видеотон на Бобан Николов на домашен терен го пречекува грчки ПАОК, додека Фенербашче на Елмас е домаќин на Андерлехт.

Адеми со Динамо (З) пред своја публика ја пречекува екипата на Трнава, додека Спортинг без нашиот Стефан Ристовски кој е повреден му гостува на Арсенал во Лондон.

Последниот наш интернационалец, Иван Тричковски со екипата на АЕК Ларнака денеска гостува во Бугарија на меч со Лудогорец.

Share.

Leave A Reply