ЛЕ: Очите вперени кон Манчестер Ј. и Тотенхем

0

По дводневното уживање на натпреварите во Лигата на шампионите, попладнево на сцена се враќаат и тимовите учесници во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа. Таму на програмата се првите 1/16-финални средби.

Прашањето кое се наметнува во оваа фаза од натпреварувањето е дали ќе има англиската доминација оваа пролет во Лигата на Европа, откако Манчестер Јунајтед и Тотенхем се главните фаворити за освојување на трофејот.

Првиот тест за силата и желбата на Јунајтед да ја освои Лигата на Европа е екипата на Ст. Етјен. Вечерва Французите гостуваат на „Олд Трафорд“, додека Тотенхем ќе биде гостин на Гент во Белгија. Во еден од дерби дуелите на оваа рунда, ќе се сретнат Виљареал и Рома, а Борусија Менхенгладбах ја пречекува Фиорентина.

Share.

Leave A Reply