Леб е задоволен од новото возило

0

Себастијан Леб го заврши успешно тестот со Citroen во WRC и остана импресиониран од најновата генерација автомобили во Светскиот рели шампионат. Деветкратниот светски шампион го тестираше C3 на асфалтни патишта откако во почетокот на сесијата имаше проблеми со дожд.

„Импресиониран сум колку е брзо возилото на свиоците во споредба со постарите модели”, изјави за Леб.Тестот беше позициониран во близина на Стразбур. По силниот утрински дожд откако условите се подобрија, Леб имаше можноста да вози и на суво.

„Немам посебна база за споредба, но, во однос на старите автомобили, овој е многу помоќен”, додаде 43-годишниот Французин.

Share.

Leave A Reply