Леброн Џејмс влезе во историјата на НБА лигата

0

Леброн Џејмс влезе меѓу најдобрите стрелци во НБА лигата, а то аго направи на најдобар можен начин откако го предводеше својот тим ЛА Лејкерси до победата со 126:117 над Портланд со најдобрата игра откако е во тимот од Лос Анџелес.

„Кралот“ на 3 минути и 55 секунди пред крајот на средбата го оствари овој историски подвиг. Откако поентираше и се избори за дополнително слободно фрлање, погоди и на тој начин стигна до својот 31.420 поен во кариерата. Со тоа Леброн Џејмс го надмина легендарниот Вилт Чембрлен и стана петти најдобар стрелец во историјата на НБА.

На вечната листата на најдобрите стрелци во НБА лигата пред Леброн Џејмс во моментов се само Мајкл Џордан, Коби Брајант, Карл Мелоун и Карим Абдул Џабар.

Леброн Џејмс ноќешниот натпревар го заврши со 44 поени, десет скока и девет асистенции, а на тоа додаде и три блокади.

Share.

Leave A Reply