Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата во последната деценија, Леброн Џејмс, од денеска и официјално е нов член на ЛА Лејкерс. Неговиот менаџерски тим и официјално ја објавија преселбата на Леброн во Калифорнија.
Договорот е за четири години, од кој Џејмс ќе заработи 153,3 милиони долари. Пред два дена стана јасно дека Леброн го напушта својот роден град Кливленд по вторпат во неговата кариера, откако во 2010-та година замина од Охајо, но тогаш за да се пресели во екипата на Мајами Хит.