Леброн побара Лејкерс да го донесат Кармело Ентони

0

Новиот лидер во тимот на ЛА Лејкерс, ЛеБрон Џејмс би сакал да го види во тимот и искусниот Кармело Ентони.

Ентони ја започна сегашната НБА сезона во Хјустон Рокетс, но два месеца подоцна клубот одлучи да се раздели со него. 34-годишниот кошаркар се уште е во Тексас, но веќе бара нов клуб.

Шефовите Хјустон ќе се обидат да го разменат по 15 декември, кога ќе имаат такво право. Кармело одигра 10 натпревари од тековната сезона, со просек од 13,4 поени по натпревар. Леброн, пак, верува дека со доаѓањето на Ентони, Лејкерс ќе имаат адут плус за висок пласман оваа сезона.

Share.

Leave A Reply