Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, стана само четвртиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој во својта кариера успеал да уфрли на 33.000 кошеви. Синоќа со фантастичната партија на средбата против Њу Орлеанс и 29-те поени, Леброн успеа да ја мине оваа магична граница.
Во историјата на НБА лигата, досега вакво постигнување имаат само уште тројца кошаркари. Прв на листата е легендата Карим Абдул-Џабар кој кариерата ја зварши со 38.387 поени, втор е Карл Мелоун со 36.928 поени, а трет е уште еден поранешен суперстар на ЛА Лејкерс, Коби Брајант со 33.643 поени.