Леброн Џејмс нанижа 51 поен и му помогна на Лос Анџелес Лејкерс да победи со 113:97 како гостин против неговиот поранешен клуб Мајами синоќа. Џејмс, кој додаде и 8 скока и 3 асистенции, ја помина границата од 50 поени по 13-ти пат во кариерата, а Лејкерси ја забележаа седмата победа во последните девет натпревари.
Вејн Елингтон постигна најмногу кај домашните, 19 поени, а Мајами, кој имаше 6 победи во 16 натпревари, го постигна својот втор најлош почеток на сезоната во последните 12 години.
Шампионот Голден Стејт дозволи и трет пораз, откако загуби со 92:104 како гостин во салата на Сан Антонио. ЛаМаркус Олдриџ беше најдобар кај домаќините со 24 поени и 18 скока, а ДеМар ДеРозан додаде 20 поени и 9 асистенции. Гостите кои повторно не можеа да се потпираат на две од повредените ѕвезди Стеф Кари и Дрејмонд Грин, загубија петтипат во последните седум средби.