Лејкерс го минаа Денвер и обезбедија финале во НБА лигата

0

По точно една деценија, кошаркарите на ЛА Лејкерс ќе се борат за шампионскиот прстен во НБА лигата. Лејкерс утрово извојуваа победа со 117-107 против Денвер Нагетс и со 4-1 во победи ја завршија финалната серија на Западот.

Фантастичен меч одигра Леброн Џејмс кој оствари „трипл-дабл“ со 38 поени, 16 скока и 10 асистенции. Голема поддршка имаше од Ентони Дејвис, кој средбата ја финишираше со 27 поени. Кај Денвер најефикасен беше Никола Јокиќ со 20 поени.

Во големото НБА финале Лејкерс го чекаат подобриот од Мајами и Бостон, каде во моментов Мајами има предност од 3:2 и е на победа до големата пресметка.

Share.

Leave A Reply