Со победата над Јута Џез од 116:108, екипата на Лос Анџелес Лејкерс го освои првото место на Западот во НБА лигата, откако направија недостижна предност од шест победи повеќе во однос на второпласираниот ЛА Клиперс.
Ентони Дејвис со 42 поени и 12 скокови ги предводеше „езерџиите“ до новиот успех.
Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа против Оклахома Сити после продолженија со резултат 121:113. Во текот на целиот меч екипите се менуваа во водство, а откако во регуларниот дел немаше победник се отиде во продолженија. Јокиќ со трипл-дабл ефект од 30 поени, 12 скокови и 10 асистенции беше најдобриот на паркетот во Орландо.
Во останатите мечеви синоќа постигнати следните резултати:
Мајами – Торонто 103:107
Оклахома Сити – Денвер 113:121 прод.
Вашингтон – Индијана 100:111
Њу Орлеанс – Мемфис 109:99
Филаделфија – Сан Антонио 132:130
Јута – Ла Лејкерс 108:116