Лејкерси анулираа голема негатива на мечот со Чикаго

0

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс со голем пресврт успеаа да го совладаат тимот на Чикаго со 103 спрема 94 во единствениот меч одигран во текот на ноќта во најсилната светска лига – американската НБА.

Гостите од Чикаго имаа одличен вовед и континуитет на добра игра што резултираше со убедлива предност од 61 спрема 42, но, тоа се покажа дека не беше доволно да се  совладаат домаќините. Како се ближеше средбата кон крајот, Лејкерси ја топеа предноста на противникот и успеаа да обезбедат позитива која ја задржаа со конечните 103 спрема 94.

Кузма со 22 поена и Поуп со 21 беа најдборите стрелци во редовите на ЛА Лејкерс додека кај „Булси“ се наметна Валентајн со 17 реализирани кошеви.

Share.

Leave A Reply