Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Денвер во текот на ноќта со 114:108 и дојдоа на само еден чекор до големото финале на НБА лигата откако направија предност од 3:1.
Во победничкиот тим Ентони Дејвис беше најпрецизен со 34 поени додека Леброн Џејмс даде 26 кошеви а имаше и девет скокови и осум асистенции. Двајт Хауард забележа 12 поена и 11 скока. Џемал Мареј беше најдобар кај поразениот тим со 32 коша додека Никола Јокиќ застана на 16 поени и седум скокови.
Денеска ќе биде одигран петиот меч од финалето на Истокот. Мајами има предност од 3:1 во дуелот со Бостон.