Лејкерски му вратија на Хјустон, Милвоки со прва победа

0

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа Хјустон Рокетс со 117:109 и со тоа израмнија на 1:1 во полуфиналната серија од Западната конференција. Во одличен меч, Лејкерси долго имаа убедлива предност, но во последната четвртина влегоа со само плус два (92:90).

Кога беше најпотребно, Леброн доминираше во финишот од мечот, комплетно воодушеви, а Лејкерс се вратија за победа и израмнување на серијата, која продолжува со меч за два дена. Најефикасен кај победниците беше Ентони Дејвис со 34 поени, додека Леброн Џејмс постигна 28 поени. Од другата страна, Џејмс Харден го заврши мечот со 27 поени.

Милвоки Бакс, пак, по продолженијата го совладаа Мајами Хит со 118:115 (107:107) и ја намалија разликата во полуфиналето на Источната конференција на 3-1. Првата sвезда Јанис Адетокунпо го заврши дуелот на почетокот на втората делница поради повреда на скочниот зглоб.

Share.

Leave A Reply