Лекиќ останува „црвено-црна“ до 2019 година

0

Српската ракометарка Андреа Лекиќ ќе остане како дел од тимот на нашиот шампион ЖРК Вардар и во следните две години, односно до јуни 2019 година. Лекиќ дојде во Вардар во 2013 година, а нејзиното останување е во согласност со намерата и амбициите на Вардар да ги задржи ракометарките што се клучни за тимот.

„Она што е добро и квалитетно Вардар сака да го има во своите редови. Лекиќ е играч од светска класа која во Вардар покажува одлични партии и ние сакаме таа да биде дел од нашата приказна и во иднина. Заедно да го освоиме европскиот врв и да ја исполниме клупската цел“, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Најдобрата светска ракометарка за 2013 година зад себе има три бронзени медали со Вардар на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите од претходните сезони.

Share.

Leave A Reply