Леклер добива пофалби од сите страни

0

Младиот возач на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, вели дека е задоволен од пофалбите што ги добива од сите страни и дека тие ќе му бидат дополнителен мотив за уште подобро возење во продолжението од сезоната.

Тој имаше пех со болидот во Бахреин а на другите две трки мораше да ја послуша тимската наредба и да му помогне на колегата Себастијан Фетел.

„Секогаш е многу убаво да се слушнат комплименти од Луис Хамилтон или Себастијан Фетел, како и од другите познати спортски личности. Сепак не размислувам многу за тоа. Јас сакам да се сконцентрирам само на настаните на патеката“ – нагласи Леклер.

 

Share.

Leave A Reply