Шарл Леклер доби две казни по трката за ГН на Јапонија или вкупно 15 секунди со кои се спушти на седмата позиција зад Даниел Рикардо. Првата казна е поради инцидентот со Макс Верстапен, а втората е затоа што ја игнорираше наредбата да влезе во боксот.
Во првата ситуација,возачот на Ред Бул Макс Верстапен беше на надворешната страна од вториот свиок, обидувајќи се да го престигне болидот на Ферари. Меѓутоа, Леклер не беше внимателен и го удри Макс. Двата болида беа оштетени, а Верстапен дури мораше да се врати по неколку круга.
Леклер го скрши дел од своето крило и продолжи да вози со оштетен болид. Тимот веднаш го повика да влезе во боксот, но тој не се согласи со тоа затоа што не чувствува проблеми со автомобилот. Нешто подоцна, парчиња од крилото се распрснале и разлетале на пистата, дури и удирајќи го ретровизорот на Хамилтон. Тогаш Леклар мораше да оди во боксот.
Заинцидентот со Верстапен, Шарл Леклер доби 5 секунди, а за одбивањето да влезе во боксот – 10 секунди. Во оваа ситуација, пилотот на Ферари се спушти на 7-то место, а Даниел Рикардо оди на 6-то место. Но, таа смена можеби не е последна, бидејќи Расинг Поинт поднесе жалба против Рено за нелегални делови на сопирачките.