Леклер го скрши мразот и му донесе триумф на Ферари во Монца

0

Поминаа цели девет години чекање за еден возач на Ферари да се радува на триумф на легендарната патека „Монца“.

Токму денес најбрз на трката за Големата награда на Италија беше младиот Шарл Леклер. Пилотот на Ферари, на 14-тата трка во Формула 1 шампионатот во оваа сезона имаше фантастичен настап, односно доминираше речиси во текот на целата трка и покрај тоа шро зад својот грб ги имаше двата болида на Мерцедес, но во ниту еден момент дозволи да го претекнат и на крајот славеше голема победа.

Зад Леклер останаа големите ривали од Мерцедес, Валери Ботас и Луис Хамилтон, кои завршија на втората, односно третата позиција. Бодови уште освоија Рикиардо, Хилкенберг, Албон,Перез, Верстапен, Џовинаци и Норис.

Во генералниот пласман Хамилтон е сигурен лидер, пред Ботас и Верстапен. Следната Формула 1 трка се вози на 22 септември во Сингапур.

Share.

Leave A Reply