Леклер: јас сум виновен

0

Пилотот на Ферари, Чарлс Леклер, ја презеде вината за инцидентот со Макс Верстапен од Ред Бул во почетокот на трката за Гран-при на Јапонија.

Контактот меѓу двете возила влијаеше на пласманот на двајцата возачи. 21-годишниот Леклер заврши на шестото место а Верстапен мораше да се повлече од патеката поради оштетување на предното крило. Верстапен уште пред да заврши трката, го обвини Леклаер за неодговорно пилотирање.

„Имав лош старт и влегов во дуел со Фетел. Тогаш не го исконтролирав најдобро предниот дел од возилото. Имало такви слични ситуации, но, сега јас сум сум виновен” – искоментира Леклер за инцидентот со Верстапен.

 

Share.

Leave A Reply