Леклер со нова пол позиција, четврта по ред во Ф1 шампионатот

0

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја продолжува доминацијата во овој дел од шампионатот на Формула 1, откако попладнево обезбеди нова, четврта во низа пол-позиција.

Французинот во болидот на Ферари денес беше најбрз во квалификациите на патеката во Сочи и повторно обезбеди стартна позиција оваа сезона, сега на утрешната трка за Големата награда на Русија.

Веднаш до Леклер од првиот ред, односно од втората позиција ќе стартува возачот на Мерцедес и актуелен шампион Луис Хамилтон, откако имаше послабо време од Леклер за само 0,023 секунди. Трето време на денешните квалификации имаше уште еден возач на Ферари, Себастија Фетел кој ќе стартува од вториот ред, како трет.

Трката за Големата награда на Русија ќе се вози утре во Сочи со почеток од 13:10 часот.

Share.

Leave A Reply