Кошаркарите на Австралија ја совладаа Литванија со 87 спрема 82 во директен дуел за првото место во групата „Х“ на СП во Кина. Тренерот на „кенгурите“, Андреј Леманис, беше задоволен од постигнатиот успех против тешкиот противник.
„Натпреварот беше убав. Се соочивме со силен тим. Беше тешко. Мислам дека е совршен момент да им честитам на моите асистенти кои вложија толку многу напор за да успееме во нашите стратегии. Им честитам на моите играчи“ – рече селекторот Леманис.
Австралија и Литванија во новоформираната група „Л“ ќе стартуваат в сабота. Тогаш Австралија ќе игра со Доминиканската Република додека Литванија ќе излезе на мегдан со Франција.