Леoнард: Дурант ќе се врати посилен на теренот

0

Лидерот на кошаркарскиот состав Торонто, Каја Ленард, се осврна на повредата на Кевин Дурант кој најверојатно има скината Ахилова тетива на десната нога. Ѕвездата на Голден Стејт не игра во финалето на НБА  а неговиот ривал изрази уверување дека Кеј Ди ќе се врати посилен од порано.

„Мислам дека целата ситуација е ужасна за него. Работиш толку напорно за да стигнеш до сегашниот момент а не можеш да играш. Сум бил во слична ситуација и му посакувам брзо закрепнување“ – вели Ленард.

27-годишниот кошаркар од Калифорнија беше во слична ситуација пред само две сезони кога поради потешка повреда на бутниот мускул одигра само девет натпревари

Share.

Leave A Reply