Ленард ја доби наградата –„Коби Брајант“

0

Тимот предводен од Леброн Џејмс успеа да слави против екипата на Адетокумбо со 157-155 во мечот на ѕвездите на НБА лигата одигра доцна во ноќта во Чикаго.

Новото правило во чест на Коби Брајант поврзано со лимитот на поените донесе вистинска битка во последната четвртина. На крајот со прецизно зиведените слободни фрлања на Ентони Дејвис славеше екипата на Џејмс и тоа со исполнета норма од најмалку 157 постигнати кошеви. Кавај Ленард кој беше прогласен за МВП на Ол-Старот, влезе во историјата како првиот играч кој ја доби наградата – „Коби Брајант“.

„Не можам да го опишам чувството со зборови. Сакам да му се заблагодарам на Коби за се што стори за мене“ – изјави Ленард.

Share.

Leave A Reply