Ленард останува трансферна цел на Лејкерси

0

Луѓето од Лос Анџелес Лејкерс немаат намера да ги исполнат барањата на Сан Антонио Спарс и во замена за Ленард да испратат неколку помлади кошаркари од типот на: Бреднон Инграм, Кајл Кузма и Џош Харт.

Згора на тоа „Лејкерси“ треба да се откажат од правото на избор на два пика во првиот круг на драфтот што е сосема неприфатливо за тимот од Калифорнија. Според објавеното, „езерџиите“ може да почекаат до наредното лето за да го ангажираат Каваи Ленард бидејќи тогаш ќе му истече договорот и ќе биде слободен играч.

Тој во 2011 година беше избран од Јута како 15.пик на драфтот, но, веднаш потоа беше испратен во Сан Антонио. Ленард три години подоцна токму со „Спарси“, го освои шампионскиот прстен во НБА лигата.

Share.

Leave A Reply