Лерој Сане до крајот на неделата ќе биде играч на Баерн Минхен

0

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лерој Сане, би можел оваа недела да стане играч на Баерн Минхен, пишува весникот „Билд“.

Висината за трансфер се очекува да биде меѓу 45 и 50 милиони евра. Преговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза, бидејќи играчот одби да го обнови својот договор со „граѓаните“. Сане долго време ги договара своите лични услови со Баварците, кои му даваат договор на пет сезони и дресот со број 10 на грбот.

24-годишниот Лерој Сане минатото лето требаше да дојде во Баерн, тогаш клубот од Минхен беше подготвен да го сруши рекордот и да плати повеќе од 100 милиони евра за неговите права.

Share.

Leave A Reply