Лестер го донесе првото засилување за новата сезона

0

Тимот на Лестер Сити го направи првиот трансфер со тоа што го привлече дефанзивецот на Португалија, Рикардо Переира од тимот на Порто, објави англискиот клуб.

24-годишниот Переира, кој е дел од селекцијата на Португалија за светското првенство во Русија, потпиша договор со овој англиски тим за период од пет години, а според британските медиуми, Порто ќе добие 22 милиони фунти.

Трансферот на Переира е на личното инсистирање на менаџерот на Лестер, Клод Пуел. Тие работеа заедно пред неколку години во Ница, Франција.

Share.

Leave A Reply