Лестер ќе го отпушти Пјуел

0

Раководството на Лестер може да го отпушти својот менаџер Клод Пјуел откако во последно време тимот се претставува катастрофално слабо и загуби четири од последните пет натпревари во Премиер лига.

Според весниците, главен фаворит да го замени Французинот е Рафаел Бенитез, кој во моментов е на чело на Њукасл. Шпанскиот стручњак има договор со Њукасл до крајот на сезоната и се уште не е јасно дали ќе го обнови.

Како опции за заменик на Клод Пјуел се споменуваат и Дејвид Вагнер и Брендан Роџерс.

Share.

Leave A Reply