Летониците пристигнаа во Скопје, но без Алексеј Вишњаковс

0

Нашиот прв противник во квалификациите за ЕП 2020 година, селекцијата на Летонија пристигна во Скопје за да го одигра натпреварот против Македонија.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Летонија, Славиша Стојановиќ, пристигна во Скопје со 25 репрезентативци за мечот против нашата селекција. Според летонските весници, од изборот на Стојановиќ отпаднал искусниот репрезентативец Алексеј Вишњаковс.

Вишњаковс  веќе се вратил во својот клуб Рига и е последниот во листата од тројца фудбалери кои отпаднаа од компбинација за пат во Скопје. Во текот на вчерашниот ден беше обкавено дека од списокот на патници за Скопје отпаднаа Артурс Зуинзин (“РФС”) и Евгениј Казачо (“Вентспилс”).

35-годишниот Вишњаковс е еден од најпознатите летонски репрезентативци кој во националниот тим настапува веќе 15 години и досега има одиграно 79 натпревари и постигнато 5 гола.

Share.

Leave A Reply