Летонија славеше во Кале со убедливи 3:0

0

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е поразена и на дуелот од 5. коло во групната фаза на Сребрената Европска Лига. Вечерва во СРЦ Кале, нашите одбојкари загубија убедливо од селекцијата на Летонија со 3:0 (26:28, 27:29, 17:25).

Иако одигравме одлично во првите два не успеавме да освоиме ниту еден. Особено беше значаен вториот сет во кој имавме голам предност во текот на целиот сет, но на крајот дозволивме Летонците да се вратат и на разлика да дојдат до клучна предност од 2:0.

Сега пред нас е дуелот со Косово, по кој ќе треба да ја темпираме формата за завршниот турнир во Скопје.

Share.

Leave A Reply