Лев може да го наследи Зидан, шпекулираат медиумите во Шпанија

0

Првиот човек на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, знае кој ќе го замени тренерот Зинедин Зидан доколку „кралевите“ не ги остварат зацртаните цели во тековнава сезона.

Ако продолжи серијата на лоши резултати, Зидан пред крајот на сезоната ќе добие отказ а потоа во текот на летото неговото место ќе треба да го пополни Јоаким Лев, актуелниот селектор на репрезентацијата на Германија.

Според шпекулациите, повеќе имиња се поврзуваат со клупата на Реал Мадрид но, најголеми шанси има 57-годишниот стратег кој со „панцирите“ го освои првото место на Мундијалот во 2014 година.

 

Share.

Leave A Reply