Левандовски. „ Борусија Д. заслужено има повеќе бодови од нас“

0

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски призна дека му се допаѓа улогата на неговиот тим Баерн која во моментов ја има , а тоа е да го следи лидерот на табелата, неговиот поранешен тим Борусија Дортмунд.

Екипата на Борусија Дортмунд е лидер со цели девет бодови во однос на на шампионот и веќе се во улогата на фаворити за „сребрената салатера“. Полјакот сепак не се предава и верува дека тој и неговите соиграчи ќе ја стопат разликата.

„Како „следач“ е доста полесно да ги напаѓате они екои се на врвот, з аразлика од лидерот кој треба да внимава за нападите на другите. Особено ако немаат потребниот искуство”, изјави Левандовски пред денешниот натпревар со Нирнберг.

„Сосема е различно кога знаеш дека треба да се бориш цврсто на сите фронтови, во споредба со ситуацијата да водите со 20 поени предност на врвот во Бундеслигата, тогаш се фокусирате само на Лигата на шампионите. Знаеме што се случи минатата сезона. Велевме, дека можеме да ги чуваме сили во првенството и да даваме гас во ЛШ, но тоа не е толку лесно.

Борусија Дортмунд игра многу атрактивно и офанзиво, со многу фантазија. Младите фудбалери не мислат премногу долго, туку едноставно играат и уживаат. Не е случајност што Дортмунд има повеќе поени од нас”, додаде Роберт Левандовски.

Share.

Leave A Reply